Обвинителството ја продолжува истрагата за пожарот, ќе биде побаран притвор за уште едно лице

од Milan1
67 прегледи

Обвинителството ја продолжува истрагата за пожарот во Кочани, во притвор се 16 осомничени.

„И во текот на денешниот ден, со цел координација на активностите, во Кочани е и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски. Врз основа на обезбедените докази, се испитува улогата на 16 лица за кои обвинителството побара и обезбеди мерка 48-часовен притвор. Претрес денеска беше извршен и во просториите на Општина Кочани. Попладнево, до надлежниот суд, Основното јавно обвинителство Кочани ќе достави предлог за определување краткотраен притвор за уште едно лице“, велат од ОЈО.

Слични содржини