Обвинителството ќе ја проверува само јавната набавка за изградбата на модуларните болници

од Nikola Popovski
264 прегледи

Документацијата беше побарана и од МТСП и од Бирото за јавни набавки и двете се доставени и од утрово почнавме со првичната истрага, информираше денеска шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за истрагата за изградбата на сите модуларни болници.

Според неа, Обвинителството е надлежно само за делот на јавнат набавка и дали се почитувани процедурите.

-Јас имам првични сознанија дека наши експерти ја направиле техничката документација, а од Светска банка направиле одредени корекции.  Затоа им испратив ме на експертите од Германија да проверат дали модуларните болници се направени според тие технички спецификации кои се одобрени од Светската банка, истакна Русковска.

Слични содржини