272
Засега не знаеме дали пожарот е подметнат, тоа ќе се знае откако Обвинителството ќе го разгледа извештајот од МВР. Општината прима барања за расчистување на теренот, но чекаме прво да се произнесе ОЈО, вели во Утрински Брифинг Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар, во врска со пожарот на фабриката Треска.
-Расчистувањето ќе се врши согласно тоа каков материјал е изгорен, а прво ќе се отстрани ако го има штетниот материјал, вели Герасимоски.
Тој додава дека азбестот не гори, но имало лакови и бои. Мерењата на чистотата на воздухот покажуваат дека нема енормно загадување поголемо од дозволеното. Денес ќе излеземе повторно на увид, вели Грасимовски.