Обвинителството подготвува кривични за пожарот во тетовската модуларна болница

од Nikola Popovski
267 прегледи

Државното обвинителство е во подготовка на кривични пријави за едно правно и три физички лица за пожарот во тетовската модуларна болница минатата година, кога загинаа 14 ковид-пациенти, објави „Дојче веле“.

Во текот на идната недела се очекува предметот да биде доставен до Судот во Тетово на понатамошна постапка, а по завршувањето на истрагата ќе биде поднесена пријава.

Во текот на предистражната постапка над 30 лекари и медицински сестри кои кобната ноќ беа ангажирани во ковид центарот во Тетово беа повикани да дадат исказ.

Еден ден по пожарот, Министерството за здравство соопшти дека сите 19 модуларни ковид-болници во државата се типски објекти, градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди. Модуларните ковид-центри, вклучувајќи ја и болницата во Тетово, се отворени после технички прием.

Вечерта на 8-ми септември 2021 година, живи изгореа 14 лица. Засега нема никаква одговорност за нивната смрт.

Слични содржини