Обвинителството постапува во случајот со двојното убиство на Кале, вели Бубевски

од Nikola Popovski
166 прегледи

Обвинителството во овој случај постапува и дежурен обвинител има излезено на лице место, има дадено одредени насоки во однос на криминалистичко прибирање на доказен материјал и негово обработување, но фазата на откривање е во целост на органите на откривање, во овој случај МВР, изјави претседателот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски.

Одговарајќи на новинарско прашања, до каде е истрагата за убиството на Кале, Бубевски, рече дека согласно Закон за кривична постапка за вакви кривчни дела, прво орган што се известува е МВР, а веднаш потоа и Обвинителството.

– Координацијата на сето тоа го прави јавен обвинител, меѓутоа откривачка функција и начинот на кој ќе дојдат до одредена трага, сознание и сето тоа, сепак е криминалистичка работа, која повеќе познавање и знаење има полицијата, изјави Бубевски.

Она што треба јавниот обвинител да го даде, посочи Бубевски, е дадено и тоа е се што можам да кажам во овој момент.

Слични содржини