Обвинителството со предлог: Куќен притвор за Бектеши по пожарот во „Пулс“

од Љубиша Владимиров
49 прегледи

Обвинителството од Кочани е при крај со испрашувањето на сведоците за пожарот во дискотеката „Пулс“. Се распрашуваат и осомничени и други лица, според утврдениот план, без застои. Се работи и на вештачења, а се анализираат и податоците од запленетите електронски уреди.

Поради новите докази, обвинителството предложи двајца осомничени – поранешен министер и поранешен државен секретар – од притвор да бидат префрлени во куќен притвор. За уште 18 лица се бара продолжување на досегашните мерки. Судот ќе ја донесе конечната одлука.

Слични содржини