Обвинителството тврди дека има цврсти докази против Палевски

од Nikola Popovski
27 прегледи

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за убиството на 14-годишата Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски. На претходните рочишта неколкумина, меѓу кои и човекот кој го возел првообвинетиот Љупчо Палевски во Турција.

Пред рочиштето обвинетиот Влатко Кешишев, пак, го сменил исказот – тврди дека Палевски не виновен за убиствата. Тој доставил нова изјава во која наведува дека Палчо не бил на местото на убиствата, туку спиел во партијата Десна.

Обвинителството уверува дека против првообвинетиот Палевски има цврсти непобитни докази. Тврдат дека новиот исказ нема доказна вредност.

Претходно, обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето Александар Ѓорчевски се изјаснија дека не се виновни.

-Исто и јас како и вие денеска за првпат се запознав со дадената изјава која беше доставена до нас преку судот, кажа на минатото рочиште адвокатот на Кешишев откако неговиот клиент го сменил првичното тврдење.

Според одбраната, Кешишев имал напишано изјава, но не сакаа да ја коментира содржината оти, како што велат, не знаат дали ракописот и потписот се негови, дали своеволно ја напишал или била под присила или закана.

-Ќе разговарам со него, па дополнително ќе ве известам и вас, рече тогаш адвокатот на Кешишев.

Според обвинението, првообвинетиот Љупчо Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, но и таткото на Вања, Александар, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22.11.2023, Палевски заедно со Кешишев, Манев и Видевски, заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило ‘Цитроен’ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано ‘Рудник’ во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри. На 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата ‘Наум Наумовски Борче’ во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото викано ‘Дупки’, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин, со умисла ја лишиле Вања од живот.

Слични содржини