156
Во денешното излагање на обвинителството на судењето на четворица поранешни водачи на ОВК, пред Специјализираните совети во Хаг, беше истакнато дека тие се одговорни за најмалку 102 убиства и дека прибегнале кон присилно затворање на луѓе.
Како што се наведува, делата се вршени систематски и континуирано „за да се постигне заедничка криминална цел“.
Како што посочуваат од Обвинителството, ОВК затворала луѓе и по Кумановскиот договор.