Обвинителството за Мицкоски: Изнесените информации за предистрагата за Онкологија се погрешни и може да ја вознемират јавноста

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Информациите изнесени денеска во врска со предистрагата за Клиниката за онкологија се погрешни и можат да предизвикаат вознемирување на јавноста, реагира државното Јавно обвинителство во допис до медиумите.

Како што и претходно соопшти, Основното јавно обвинителство Скопје во рамките на предистражната постапка за предметот поврзан со работата на Клиниката за онкологија, со барање од 13 септември 2023, веднаш ги обезбедило сите изготвени извештаи од извршените вонредни надзори на Фондот за здравствено осигурување за финансиското работење на Клиниката, за периодот од 1 јануари 2015 до март 2023 година.

Нагласува дека не станува збор за документи од свиркачи, туку за официјални документи од државни органи достапни на истрагата.

ЈОРСМ соопшти дека согласно информациите што ги добило од Фондот, во финална фаза на изработка е нов тримесечен извештај, за периодот до јуни 2023 година, и дека по изработката тој извештај веднаш ќе му биде доставен на Обвинителството.

-Нагласуваме дека не постои и воопшто не е изготвен извештај што го опфаќа периодот до август 2023 година. Сите докази во предметот се обезбедени и веќе се предмет на анализа од стручни лица. Предистражната постапка не опфаќа одреден временскиот период и ги испитува сите евентуални незаконитости без разлика кога се случиле. Секој што има дополнителни сознанија за овој настан има обврска да ги пријави до надлежните органи, наведува ЈОРСМ.

Слични содржини