Обвинителство:Уапсени осомничени соработници на терористичката група од Диво насеље

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поведува истрага против нови седум лица, осомничени за инволвираност во настаните од 9 и од 10 мај годинава, во кумановско Диво Насеље, соопшти Јавното обвинителство.

ојоЛицата се приведени во акцијата на Министерството за внатрешни работи која се организираше утрово со голем број полициски сили во кои беа вклучени и хеликоптери, во кумановски села, а се прошири и во скопските.

– Осомничените, кои се теретат за сторени кривични дела „терористичка организација” од чл. 394 – а и „тероризам” од чл. 394 -б, се изведуваат пред судија на претходна постапка. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка „притвор“, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство.

Во мајската акција против криминално-терористичката група во Дива населба животот го загубија осум полицајци, а триесетина беа повредени.  Во акцијата беа убиени и десет членови на вооружената група, а 30 се предадоа и против нив се води судска постапка.