Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ретко кажува бесмислици. Напротив, и на меѓународната сцена го сметаат за многу искусен дипломат кој знае што прави. Доколку приказните за поделбата на Македонија меѓу Албанија и Бугарија беа излезени од устата на некој како Владимир Жириновски на пример, (па дури и од некој како министерот за одбрана Шојгу)- ќе немаше причина да се вознемируваме. Но Лавров не е човек кој така едноставно би изјавил нешто толку „горливо“ комнетира Александер Андреев за Дојче веле
Најпрво да се прашаме: зошто рускиот министер за надворешни работи говори за „поделба“ на Македонија само меѓу Бугарија и Албанија? Та нели следбениците на традициите и добро упатените во геополитичките состојби сметаат дека свои апетити кон Македонија имаат уште и Грција и Србија? Во самата Србија веќе со недели (а најмногу по инцидентите во Куманово) гласно се зборува за евентуалниот распад на Македонија и нејзината поделба меѓу четирите споменати држави. Но Лавров воопшто не ги споменува Србија и Грција. За тоа постои едно едноставно објаснување. Како внатрешна убеденост а најмногу како пропаганда, Кремљ го распространува обвинувањето дека сите проблеми во меѓународната политика доаѓаат од САД. Тоа се однесува како на Украина и Грузија, така и на Балканот. Лавров говори за надворешно замешателство во Македонија и за притисок врз премиерот Груевски затоа што тој не ги поддржал санкциите против Русија. Тие санкции не се поддржани ни од Србија, а јасно е дека и актуелната грчка влада игра долга, нечесна и опасна игра околу санкциите, обидувајќи се да се испазари за својата позиција со ЕУ и со Москва.
На таа линија, изјавите на Лавров можат да се толкуваат и така: Вашингтон ги „буцка“ лошите проамерикански влади во Албанија и Бугарија да ја поделат Македонија, а „добрите“ Скопје, Белград и Атина се заинтересирани само за засилување на економските врски со Русија и одржување на рамнотежата.
Никој не може со сигурност да каже дали изјавата на Лавров го означува токму тоа, но таквата хипотеза би била во хармонија со архаичниот начин на надворешно-политичкото размислување во Москва и со долгогодишната склоност на Русија да провоцира конфликти на Балканот заради сопствен интерес. Да не се заборави притоа дека со своите дејства во Крим и во Украина, Русија еднострано го наруши меѓународното право и во најголем дел- неприкосновеноста на територијалните граници. Оттука, говорењето за евентуална територијална поделба на Македонија во целост се вклопува во новата политика на Кремљ. Не случајно токму Лавров е првиот политичар од тој ранг, кој гласно размислува на таа тема.
Целата колумна прочитајте ја на Дојче веле на следниот линк.

