Објавен списокот со носители на „МКарта“

од Nikola Popovski
325 прегледи

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека од 1-ви јануари ќе има забрзан премин за носители на „МКарта“, при нивното доаѓање во земјава.

Покрај научници, лекари и уметници, на списокот од 69 македонски државјани кои живеат во дијаспората и кои се меѓу привилегираните, се и бизнисмени и поранешни функционери.

На списокот меѓу попознатите се оперскиот пејач Благој Нацоски, кошаркарскиот тренер Заре Марковски и ендрокринологот Горан Петровски од Катар. Покрај нив, ги има и бизнисменот Ристо Гуштеров и поранешниот министри за странски инвестиции во една од владите на Никола Груевски, Глигор Ташковиќ.

„МКартата“ може да ја добијат истакнати личности или поединци од дијаспората кои дале посебен придонес за подобрување на односите на Македонија со државата во која престојуваат, на меѓународниот углед на државата или се признати професионалци во струката. Картата има рок на траење од четири години.

Според шефот на дипломатијата, Бујар Османи ова е повеќе симболичен гест што треба да покаже благодарност и почит кон овие луѓе кои решиле дојдат и да ѝ помогнат на земјава. Тој порача дека изборот на иселенице кои добиле „Мкарта“ го прават амбасадите, а не министерството.

Овој проект за првпат беше промовиран во мај 2021 година.

-Комисија на МНР ќе направи проценка на лицата кои што ќе им биде дадена овој специјален вид на лична карта врз основа на предлози коишто ќе ги добиеме од нашите дипломатско конзуларни претставништва од МНР, но и од другите институции на ситемот кои што располагаат со информации за наши луѓе кои што се успешни во областите во кои што работат како дел од нашата дијаспора. Овој влезен билет, „МКарта“ ќе им овозможи полесно основање на бизниси, поддршка од страна на институциите на системот, финансиска помош за нивни инвестиции овде. Планираме да ги вклучиме сите генерации на нашата дијаспора има и такви кои немаат наше државјанство на нив ќе им се олесни нивниот престој, како и основањето на бизниси овде, но и ќе имаат одредени лични привилегии, рече тогаш Османи на прес-конференција.

Слични содржини