Помеѓу 20.000 и 30.000 руски војници се убиени или повредени во битката за Бахмут од минатото лето, соопштија западните власти, пренесува Би-Би-Си.
Големи загуби претрпе и украинската армија, но западните власти не ги потврдија податоците што вчера ги презентираше рускиот министер за одбрана. Сергеј Шојгу на Телеграм објави дека само во февруари Украина загубила 11.000 војници во таа битка.
„На Вагнер му снемува борци“
Западните власти веруваат дека на руската платеничка група Вагнер ѝ снемуваат борци и опрема. Нивниот лидер Евгениј Пригожин рече дека тоа е резултат на „бирократија или предавство“. По шестмесечни борби, градот се уште не паднал во руски раце.
Западните власти исто така истакнуваат дека во моментов нема индиции за голема руска инвазија. Русија направи многу скромен напредок во текот на зимата.