165
Американскиот претседател Џозеф Бајден и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган разговараа за билатералните односи, вклучително и трговските и безбедносните прашања на маргините на самитот на Г20 на Бали денеска, соопшти турското претседателство.
Исто така, се известува дека Бајден му изразил сочувство на Ердоган за жртвите од бомбардирањето во неделата во Истанбул и му рекол на турскиот претседател дека американската администрација ќе продолжи да ги поддржува напорите на Анкара да се снабдува со борбени авиони Ф-16, објави „Ројтерс“.
Американскиот претседател навел и дека Турција е значаен фактор за прифаќање на барањето на Шведска за членство во НАТО.