Очаен потег на Тухел: Баерн доживеа дебакл, Германецот се откажа од титулата

од Nikola Popovski
242 прегледи

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел изјави дека по поразот од Борусија Дортмунд (2:0), неговиот тим ја загубил шампионската титула во Бундес лигата. Баерн загуби од Дортмунд со 2:0 во Минхен и сега заостанува 13 бода зад лидерот Баер Леверкузен на седум кола пред крајот на Бундеслигата.

Баер Леверкузен е непоразен во 39 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона и потребни се уште три победи за да ја освои првата титула во Бундеслигата.

Запрашан дали надежите за титулата се изгубени, Тухел изјавил за „Скај Германија“: „Се разбира“.

„По овој натпревар не можеме да кажеме ништо. Колку поени е тоа сега? Честитки за Леверкузен“, изјавил Тухел.

Во 2016 година, Баерн стана првиот клуб кој освоил четири последователни титули во лигата, а потоа го зголеми рекордот освојувајќи ја секоја титула оттогаш – 11 по ред.

Баер има 23 победи и четири нерешени во првенството и е блиску до првата титула во историјата. Во 1997, 1999, 2000, 2002 и 2011 година клубот беше вицешампион, а во 2022 година загуби во финалето на Лигата на шампионите и Купот на Германија.

Слични содржини