Во Равена утринава властите прогласија „итна евакуација“ на неколку населби и ги повикаа жителите „да не излегуваат освен ако е апсолутно неопходно“.
Бројот на жртвите од поплавите што ја зафатија провинцијата Емилија Ромања, богата земјоделска и туристичка област на северот на Италија, се искачи на 14, соопштија локалните власти. Спасувачите продолжуваат да ги евакуираат луѓето кои поради водата не можат да ги напуштат своите домови, а дождот повторно врне по повеќе од 24 часа прекин.
Во Равена, во петокот наутро, властите прогласија „итна евакуација“ на неколку населби и ги повикаа жителите „да не излегуваат освен ако е апсолутно неопходно“. Од претходниот број од 13 жртви, утринава бројот на жртвите се искачи на 14, изјави за AFP портпаролот на провинциските власти, додавајќи дека е пронајдено телото на маж кој се удавил во неговиот дом во Фаенца.