Очајна жена од Авганистан низ солзи испрати порака до светот: Никој во целиот свет не прави ништо (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
1,K прегледи

Талибанците го вратија Авганистан 20 години откако беа соборени. Страшни слики и снимки од луѓе кои се обидуваат да ја напуштат земјата во паника го обиколуваат светот, а една од снимките што се истакнува е онаа направена од Сахра Карими.

Видеото што го сподели на Инстаграм ја покажува Сахра како трча среде хаосот во Кабул.

– Не, ова не е извадок од хорор филм, ова е реалноста на Кабул. Минатата недела направивме филмски фестивал, оваа недела се бориме за живот. Моето срце се крши затоа што никој во целиот свет не прави ништо – вели новинар од Иран кој го сподели видеото на Твитер.

Сахра Карими беше првата жена во оваа земја што стана директорка на организација која се занимава со филмски фестивали. Сахра вели дека не планира да го напушти Авганистан.

„Нема да ја напуштам земјата додека не морам“, вели таа во видеото додека ги брише солзите.

Ситуацијата е, сведочи таа, потресна.

– Сѐ уште не можам да поверувам дека ова е нашата нова реалност. Молете се за нас. Ве молам, не молчете, тие доаѓаат да не убијат! – пишува таа на Твитер.

– Медиумите, светските влади и хуманитарните организации молчат. Тие се преправаат дека „мировниот договор“ со Талибанците бил некогаш легитимен. Тој никогаш не бил. Признавањето воопшто им даде простор да се вратат на власт. Талибанците брутално го мачеа нашиот народ за време на преговорите. Сега сѐ се распаѓа – вели таа.

– Помогнете, ве молам! Не дозволувајте светот да го напушти Авганистан. Помогнете, имаме толку малку време да направиме нешто – вели таа во солзи.

Слични содржини