„Очајни се, кој ги носи овие одлуки?“: Во Манчестер шокирани поради Арнаутовиќ

од Nikola Popovski
270 прегледи

Не остана незабележана информацијата дека Јунајтед го посакува 33-годишниот австриски интернационалец со српско потекло.

Тоа не им се ни допадна на легендите на „црвените ѓаволи“, Гери Невил и Рој Кин, бидејќи фудбалските упатени инсајдери објавија дека Ерик Тен Хаг и управата на Јунајтед се подготвени да платат и до десет милиони евра за Марко.

Сепак, Невил е свесен и дека по поразот од Брајтон, Јунајтед веќе не е во позиција секогаш да ги диктира сите услови, па луѓето ги одбиваат нивните понуди.

„Со Радамел Фалкао, Златан Ибрахимовиќ, Единсон Кавани и Одион Игало, видовме колку се очајни да доведат искусни играчи. Тоа е пример кој се одвива во последните осум до десет години. Веќе не сме ни лути, но дојде до точка што веќе не сакам да зборувам за тоа“, вели Невил, консултант на „Sky Sports“.

Кин на негов начин беше уште поостар кон својот поранешен клуб.

„Кој ги носи тие одлуки? Кој одлучува кои играчи да ги доведе? Тие зборуваат за Дарен Флечер како технички директор, имаат нов менаџер, Џон Мурто очигледно е вклучен, тие имаат нов менаџер, а се зборува и дека Алекс Фергусон и Дејвид Гил се враќаат. Боже мој, што се случува“, вели Кин.

Арнаутовиќ го познава Тен Хаг од периодот кога играше за Твенте, а моментално е член на Болоња.

Слични содржини