Пилотот на непалскиот авион кој денеска се урна во близина на непалскиот град Похар го насочил авионот кон рид за да не падне во населено место.
Локалните жители го виделе авионот како се движи кон клисурата на реката Сети.
На овој начин пилотот избегнал голема трагедија, бидејќи авионот можел да падне на населбата каде што има голем пазар.
Авионот на непалската компанија „Џети ерлајнс“ кој летал од Катманду за Похар денеска се урна, а во него имало 72 лица – 68 патници и четворица членови на екипажот.
Во меѓувреме, соопштено е дека во несреќата загинале најмалку 40 лица, додека некои медиуми споделија дека преживеани нема.
Истрагата е во тек.