Тешко е да се опише со зборови … Беше толку неочекувано. Една од најтешките и  ужасни слики кои сум ги видела. Така новинарката  Онур Бурчак Бели  коментира за трагедијата  во Анкара, во која загинаа 95 лица, а други 246 беа повредени.

hqdefault.jpg47

“Стигнав, за да известувам за  маршот на мирот и одеднаш прогмеа две експлозии. Десетици загинати, крв насекаде, парчиња од тела. Тешко е да се опише тоа  со зборови … Тоа беше толку неочекувано. Една од најпознатите ужасни слики кои сум  ги видела “, рече новинарката за rt.com.Таа додаде дека на митингот немало  полиција и службеници од Службата за безбедност. “Обично сите демонстрации во Турција се придружени со полицијата, секогаш се поминува низ контролните пунктови”, објасни таа. “Во демонстрациите учествуваа различни групи, но експлозија настанати токму таму каде што беа Курдите, па можеби тие биле целта”, рече уште Онур Бурчак Бели.

Слични содржини