Очигледно е дека сме на почеток на еден нов бран, вели Филипче

од Берта Китинска
176 прегледи

Министерот Венко Филипче, денеска на обраќање пред медиуми кажа дека Македонија се наоѓа на почеток на еден нов бран со коронавирусот. Бројките растат, и тоа е доказ дека се соочуваме со нов бран.

„Денеска имавме координативна средба со директорите на клиниките. Очигледно е дека сме на почеток на еден нов бран, а тоа се случува секаде во регионот. Тоа кажува бројот на новодијагностицирани пациенти и кај нас и во регионот .Тоа се пренесува и во болниците, но не секаде“, кажа Филипче.

Денеска беа регистрирани 4 починати лица: 3 од Куманово (29г,49г и 74г) и еден од Гостивар (78г).

Во последните 24 часа се направени 6.383 тестирања, а регистрирани се 398 нови случаи на КОВИД-19.

Слични содржини