Oculus Quest ќе се продаваат за 399 долари од пролетта 2019 година (ВИДЕО)

од Vlatko K
83 прегледи

Oculus Quest е новиот предлог на компанијата во сегментот на очилата со виртуелна реалност, кои можат да работат самостојно, без потреба од дополнителен смартфон. Уредот се очекува да почне со прдажба од пролетта 2019 година, а цената ќе биде 399 долари. Новиот модел беше претставен лично од Марк Зукерберг, кој прецизира дека Oculus Quest става крај на првата генерација атрактивни уреди со VR и го означува почетокот на следната генерација производи на Oculus.

Ве потсетуваме дека кодното име на очилата досега беше Project Santa Cruz. Eдно од подобрувањата е поврзано со интеграцијата на новите Touch контролори, кои имаат исти копчиња и сензори, но веќе ја користат технологијата Oculus Insight, пренесе Pocket-Lint. Оваа иновација се грижи за прецизно следење на движењето на рацете и нозете на корисниците, како и нивната позиција во просторот во споредба со другите објекти. Oculus Quest има четири вградени камери.

Според податоците, екранот може да репродуцира содржина со 1600×1440 пиксели во секое око, што е друга предност на новиот модел. Марк Зукерберг вети на премиерата на очилата дека тие ќе имаат повеќе од 50 наслови оптимизирани за уредот. Покрај тоа, ќе дознаеме повеќе за другите технички спецификации и премиерата на Oculus Quest во Европа. Се чини дека компанијата сака да продолжи да биде доминантен фактор во овој сегмент.