140
Турција ќе ја зголеми минималната плата за 54,5 отсто од 1 јануари 2023 година, најави претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган, а пренесува агенцијата „Anadolu“.
Според извештаите, нето минималната плата ќе биде 8.500 турски лири (455 долари) месечно, во споредба со претходните 5.500 лири (295 долари) месечно, објасни Ердоган.
Според последните податоци на Турскиот статистички институт (TurkStat), годишната стапка на инфлација во Турција во ноември е намалена за 1,2 отсто во однос на октомври годинава.
Ердоган рече дека во процесот на утврдување на минималната плата е посветено големо внимание на правата на работниците и работодавачите, посочувајќи ја можноста за ревидирање на оваа одлука и ново зголемување доколку се појави потреба.