Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж денеска потсети дека од 1 јули ќе почне да функционира отворениот пазар на труд меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија, што, според него, ќе им овозможи на граѓаните од овие земји слободно да се вработат во овие три земји, за доброто на компаниите и економиите членки на иницијативата „Отворен Балкан“.
Чадеж во гостувањето на српската Тв Пинк изјави дека саемот на вино во Белград „Винска визија на Отворен Балкан“ и саемот на вино „ВинИтали“ во Верона се одлични можности за промоција на регионот и нови бизнис зделки.
-Важно е да соработуваме во регионот, но и да разговараме многу активно со ЕУ за што поскоро да добиеме влез на единствениот европски пазар и да ги уживаме четирите слободи. Тоа не е само прашање на нашиот економски опстанок, туку и европско безбедносно прашање, консолидација на ресурсите, идни иновации, рекол Чадеж.