709
Системот за заедничка електронска наплата со примена на еден „ТАГ“уред при патување низ Северна Македонија, Албанија и Србија е успешно тестиран и е подготвен за употреба од сабота, 1 јули, соопштиле од двете Јавни претпријатие за државни патишта на Македонија и Србија.
Медиумите пренесуваат дека ќе функционира така што возилата од тие три земји ќе можат да плаќаат патарина во Северна Македонија, Србија и Албанија со уредот што веќе го имаат без застанување или купување дополнителен уред или картичка.
Проектот беше најавен во септември 2021 година како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.
Се работи на воведување на тој систем и во Хрватска, а се преговара и со Грција.