Од 187 казнети возачи во Скопје, 29 се за брзо возење

од Radmila Tasevska
145 прегледи

На територија на Град Скопје во контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, соопштија денеска од МВР.

Изречени се 17 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Слични содржини