Од 19 анализирани случаи, 10 операции биле непотребно извршени

„Ова е прелиминарен извештај по кој следи средба со тројца странски експерти и по што ќе се направи конечен извештај. Тој ќе биде основа за дефинирање на нашите политики“, најави министерот Алиу

од Nikola Popovski
23 прегледи

Министерот за здравство, Азир Алиу информираше дека од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции анализирала 19, од кои кај 10 случаи утврдила дека се непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операции во јавни и приватни здравствени установи.

Шест од случаите треба да се испратат до ДСЗИ бидејќи Комисијата не е надлежна. Министерот не објасни во кои здравстевни институции биле извршени ваквите операции.

Претседавачот на комисијата, доктор Жарко Христовски рече дека во оваа првична фаза анализирале само потреба од реваскуларизација т.е.кај пациенти кои имаат васкуларна болест, а сите други пациенти ќе се анализираат по пријава или при следната фаза од нивното работење.

„Втората фаза е навлегување во институциите  за да се направи дополнителна анализа и да се донесе соодветна стратегија. Кога ќе стигнеме до дефинитивна оценка на секој случај инфорамцијата ќе биде доставена до надлежните институции“, рече тој.

Комисијата натаму ќе продолжи со утврдена метотологија и по што ќе даде конечен извештај.

„Ова е прелиминарен извештај по кој следи средба со тројца странски експерти и по што ќе се направи конечен извештај. Тој ќе биде основа за дефинирање на нашите политики“, најави министерот Алиу.

Комисијата беше формирана по изјавата на кардиохирургот д-р Кедев во интервју за Канал 77, дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и непотребни стентирања и операции. Тој не спомна по име ниедна болница.