Во последните 24 часа се направени 2.763 тестирања, а регистрирани се 708 нови случаи на КОВИД-19 во:
-Скопје 341
-Прилеп 59
-Куманово 41
-Велес 37
-Гостивар, Битола и Охрид по 26
-Кавадарци 23
-Тетово 18
-Штип 17
-Кочани 16
-Неготино и Дебар по 11
-Гевгелија 10
-Струмица 9
-Струга 7
-Свети Николе, Ресен и Виница по 5
-Македонска Каменица 3
-Кичево, Богданци, Демир Капија и Дојран по 2
-Радовиш, Делчево, Берово и Валандово по 1.
Регистрирани се 11 оздравени пациенти (ова не е целосната бројка на оздравени лица во изминатите 24 часа, поради апдејтирање на софтверот, вкупниот број на оздравени од изминатото деноноќие ќе биде прикажан во утрешната статистика) од:
-Тетово 3,
-Скопје и Штип по 2,
-Велес, Битола, Кочани и Пробиштип по 1
Досега во земјата се направени вкупно 615.457 тестирања на Ковид-19.