Од 2017-та поднесени 919 кривични за вкупно 1.150 дела поврзани со бесправна сеча на шуми, пријавени 1.439 сторители, запленети 97.000 м3 дрва

од Vladimir Zorba
2,9K прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека покрај превентивни мерки, сериозно се работи и на репресивни мерки на откривање нелегална сеча на шуми.

Според статистиката на МВР, од 2017 година до првото полугодие од 2023 година во рамките на оперативните активности, поднесени се 919 кривични пријави за вкупно 1.150 кривични дела поврзани со бесправна сеча на шуми, пријавени 1.439 сторители, запленети 97.000 м3 дрва.

-Сега започнавме и со надзор практично на шумските предели со Одделот за воздухопловни единици. Заедно со специјалните полициски единици тие се движат на потенцијални места каде имаме дојави дека има опустошување шума и директно ги затекнуваме и фаќаме на лице место. Имавме неколку акции во Скопје, Струга… Тоа е еден модус операнди на којшто работат полициските службеници, да можеме на моменти каде што тие се наоѓаат, на местата каде вршат нелегална сеча – на лице место се затекнуваат и тука практично ги обезбедуваме сите докази за ова кривично дело. Ова е врвен приоритет на МВР, истакнува Спасовски во телевизиски прилог на МТВ.

Со помош на хеликоптерите од Одделот за воздухопловни единици при МВР, како што вели Спасовски, се набљудува и државната граница, процесот на миграција, работењето на граничните служби, а сето тоа е во функција на подобрување на безбедносната состојба.

Слични содржини