Од 29 мај ќе почне исплатата на пензиите

од desk4
1,9K прегледи

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за месец мај. Исплатата на пензиите ќе биде овозможена преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29 мај. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија ќе ги достави податоците за пензиите до деловните банки до 26 мај.

Во соопштението од владината прес-служба се наведени следните препораки за исплата на пензиите:

  • За пензии со висина до 11 илјади денари, исплатата ќе се изврши на 29 мај 2023 година (понеделник).
  • За пензии со висина од 11.001 до 14 илјади денари, исплатата ќе се изврши на 30 мај 2023 година (вторник).
  • За пензии со висина од 14.001 до 18 илјади денари, исплатата ќе се изврши на 31 мај 2023 година (среда).
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата ќе се изврши на 01 јуни 2023 година (четврток).

Оваа информација беше објавена од владината прес-служба.

Слични содржини