Од 30. ноември Кина ги укинува визите за македонските граѓани

од Nikola Popovski
39 прегледи

Македонските граѓани ќе може да патуваат во Кина без визи. Кинеското МНР денеска соопшти дека ја проширува политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу кои и Северна Македонија.

Помеѓу 30 ноември 2024 година и 31 декември 2025 година, политиката за ослободување од визи ќе се применува за обичните носители на пасоши и од Бугарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Малта, Естонија, Летонија и Јапонија, соопшти на прес-конференција во Пекинг портпаролот на кинеското МНР, Лин Џијан.

Почнувајќи од 30 ноември 2024 година, имателите на обични пасоши од 38 земји, вклучувајќи ги и дополнително додадените девет земји, ќе можат без виза да влезат во Кина за бизнис, туризам, посета на роднини и пријатели, размена на посети и транзит, не подолго од 30 дена.

Слични содржини