Од 30 пациенти само осум пациенти ќе го добијат лекот „трикафта“

од Radmila Tasevska
346 прегледи

Во постојана меѓусебна и комуникација со производителот околу набавката на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза ќе бидат како што најавија, Министерството за здравство, Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување.

Денес министрите за здравство Беким Сали и за финансии Фатмир Бесими одржаа состанок за обезбедувањето финансиски средства за набавка на лекот. Терапијата, како што информираа, е првично за осум пациенти во потешка состојба, а стремежите се набавка на лек за 30 пациенти во текот на оваа година.

Министерот за здравство, Беким Сали, по средбата изјави оти се надева дека во најскоро време со сите потребни измени на Законот за јавни набавки и други закони поврзани со набавка на лекови, и со обезбедување финансиски средства, ќе се обезбеди терапија за овие пациенти.

Тој ќе иницира измени во текот на следната недела и се надева дека ќе бидат поддржани во Собранието.

-Во делот на цената сè уште нема конкретна финална цена. Имаме првични информации за цената на еден третман за еден пациент на годишно ниво, меѓутоа останува финалната цена да ја добиеме од производителот, изјави Сали.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, рече дека ќе се најде решение за да се набави овој лек директно од производителот бидејќи е скап.

Слични содржини