Од 310 скокна на 1.600 денари, кој сака да заработи од високите цени на геловите за дезинфекција?

од Берта Китинска
464 прегледи

Гел за дезинфекција по дел аптеки низ Македонија достигна цена од неверојатни 1600 денари.

На социјалните мрежи се појави фотографија од фискалната сметка на која се гледа огромната сума на гелот за дезинфекција, а граѓаните реагираат дека истиот гел пред неколку дена чинел само 310 денари.

„Не е фер, навистина не е фер. Секојдневно се поскапуваат цени на сите производи ама ова е веќе надвор од сите граници. Дали ќе сака некој да воведе ред на ратниов профитеризам без разлика за каков политички пристап станува збор? Партии, еве ви сега прилика да се докажете, мој глас ќе добие оној кој ќе успее да воведе ред и да постави правила кои ќе мора да се почитуваат“, пишува во својата објава револтираната скопјанка.

Не е фер, навистина не е фер. Секојдневно се поскапуваат цени на сите производи ама ова е веќе надвор од сите граници….

Публикувахте от Ivana Knez в Понеделник, 16 март 2020 г.

По реакциите на граѓаните дека маските и препаратите за дезинфекција неколкукратно се поскапени од здружението на приватни аптеки велат дека не се профитери туку ваквите суми се резултат на зголемување на цените од страна на добавувачите. Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук најави дека од денес ќе има високи казни за тие што неосновано ги зголемуваат цените на основните производи.

Слични содржини