Од 5000 до 25.000 денари: Општина Тетово ги објави лицата што се на договор на дело

од Nikola Popovski
287 прегледи

Општина Тетово, заложувајќи се за максимална транспарентност кон јавноста, го објави списокот на сите договори на дело склучени со општината за 2021 година. Се работи за вкупно 811 договори на дело.

Овие договори се склучени меѓу физички лица и општина Тетово, под раководство на структурите од претходната локална власт.

-На лицата кои донеле извештај за сработеното, согласно нивниот договор, ќе им бидат исплатени сите преостанати плати кои не беа исплатени како резултат на увидот за овој законски прекршок на претходната власт. На оние пак, кои не испратиле извештај за сработеното, ќе им биде испратено известувањето за враќање на добиените средства од нивните договори во буџетот на општина Тетово. Во спротивно, ќе се соочат со кривични пријави, велат од општина Тетово.

Исто така, општината известува дека овој тренд на транспарентност ќе продолжи тековно и сите договори на дело ќе се објавуваат секој месец на веб-страницата на општината и на официјалната страница на општина Тетово на Фејсбук.

Слични содржини