Од 75 на 100 денари: Нови суми за капитација во примарното здравство

од Марта Пешевска
71 прегледи

Од месец април, матичните лекари од општа медицина, гинекологија и стоматологија ќе добиваат повисоки примања, согласно одлуката за зголемување на капитациониот бод што денеска ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

„Зголемувањето на капитацијата на матичните доктори значи повисоки плати и помотивирани лекари“, изјави Мицкоски на прес-конференцијата, додавајќи дека ова претставува „историско зголемување“.

Со одлуката, вредноста на капитациониот бод за општите лекари и гинеколозите се зголемува од досегашни 75 на 100 денари, додека за стоматолозите – од 61 на 75 денари.

Од Владата велат дека ова е чекор кон подобрување на условите во примарното здравство и поддршка на лекарите во нивната секојдневна работа.

Слични содржини