„Од Албанија до Косово, Македонија и насекаде низ дијаспората“: Рама повикува на протест за поддршка на лидерите на поранешната ОВК

Присуство на протестот во Тирана најави и лидерот на ДУИ и еден од основачите на ОВК, Али Ахмети

од Nikola Popovski
87 прегледи Фото: Официјален Фејсбук профил на Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама ги повика граѓаните „од Албанија до Косово, Северна Македонија и насекаде во дијаспората“ да се приклучат на протестот во поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кој ќе се одржи во Тирана во петок во 17 часот.

„Со задоволство и чест го објавувам овој повик. СЛОБОДАТА ИМА ИМЕ. Од Косово преку Македонија, Албанија, дијаспората и секој агол од албанската земја – илјадници срца ќе се обединат овој петок, 17 октомври, во 17:00 часот, за едногласно да побараат ПРАВДА ЗА ОСЛОБОДИТЕЛИТЕ“, напиша Рама на Фејсбук.

Тој и објави фотографија на која пишува „Јас сум УЧК – сенационален протест во Тирана“.

Протестот е организиран од лидерите на Косовското здружение на поранешни припадници на ОВК, кои ја избраа Тирана како следна локација за протест.

Тие претходно одржаа митинг во поддршка на обвинетите членови на ОВК недалеку од седиштето на Специјалниот суд во Хаг.

На овие протести тие бараат ослободување и, како што велат, фер судење на поранешните лидери на ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весељ, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, кои се соочуваат со обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото пред Специјализираните совети.

Присуство на протестот во Тирана најави и лидерот на ДУИ и еден од основачите на ОВК, Али Ахмети.

Слични содржини