Од Алијанса за Албанците се пожалија: Подрачните единици за земјоделство во Тетово, Гостивар и Струга по долги години ги водат Македонци

од Nikola Popovski
84 прегледи

Подрачните единици за земјоделство во Тетово, Гостивар и Струга по долги години ги водат Македонци, вака се пожалија од Алијанса на Албанците предводена од пратеникот и лидер на партијата, Зијадин Села.

Наведуваат дека заменик-министерот за земјоделство и по речиси два месеци не може да создаде свој тим.

-Омаловажувањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е видливо во секој сегмент. Речиси 5 недели на заменик министерот не му дозволија ни возач за автомобилот.

Ги остава без работа Албанците за да отворат некои работни места за сопствените активисти, кои секој ден се повеќе го гледаат неуспехот на коалицијата во Владата. Таа нема моќ да бара дополнителни работни места дури и за својот кабинет, порачуваат од АА.

Од Алијанса критикуваат што, како што велат, во министерството, раководителите Албанци на подрачните единици во Тетово, Гостивар и Струга се сменети со Македонци.

Слични содржини