Од август српска полиција во Охрид

од Nikola Popovski
170 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, најави дека од август српската полиција ќе биде присутна на Охридското Езеро во Македонија.

„Од август ќе почнеме со практика каква што досега не сме имале, таму каде што има многу српски туристи да се присутни српски полицајци. Тие четворица ќе бидат во Охрид бидејќи е летна сезона“, изјави Дачиќ пред новинарите по денешната средба со неговиот македонски колега Панче Тошковски.

Тој додаде дека разговарале и за соработка во борбата против криминалот – трговијата со луѓе, наркотици, оружје, како и илегалната миграција.

Српскиот министер наведе и дека е договорено да се активира работна група која ќе се занимава со процедурите на граничните премини со цел нивно поедноставување, кога станува збор за патничкиот сообраќај.

„Многу е добро што воспоставивме линија на комуникација кога станува збор за вонредни ситуации“, додал Дачиќ.

Тошковски денеска во Белград разговараше и со српскиот премиер Милош Вучевиќ.

Слични содржини