Од автомобил му се јави на Тери и побара „амин“ за легендарен број (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
138 прегледи

Новиот стопер на Челзи, Калиду Кулибали побара специјална дозвола од легендарниот капитен на сините.

Џон Тери остави сериозна трага на Стемфорд Бриџ, па не треба да чуди што Кулибали побарал од него да му го даде бр.26.

Сенегалецот мина девет години во Наполи, пред да премине во Челзи, а пред неколку недели на подготовките го носеше бројот 26.

Меѓутоа, бидејќи официјалните натпревари се нешто друго, Кулибали мораше да оствари еден повик.

„Извинете за мојот англиски, ќе се обидам да звучи што е можно подобро“, започна Кулибали. Сакав да те прашам нешто, бидејќи како што знаете играв со број 26 во Наполи и откако си замина од клубот никој не го земал тој број, па дали е можно јас да го земам“, продолжи стоперот.

Тери одговори дека му е мило што Сенегалецот се јавил за да побара дозвола, дека е почестен и му дал зелено светло на Кулибали да го земе бројот.

Слични содржини