Новоизбраниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта е подготвен да го задржи Лионел Меси по секоја цена, а Каталонците ќе му понудат доживотен договор, пишува „Мундо Депортиво“.
Во средата, по инаугурацијата, Лапорта зборуваше за најважната тема во врска со Барселона – Лео Меси. Му се извини на Аргентинецот и му рече дека ќе стори се за да го убеди да остане, а планот на Лапорта се појави во медиумите.
Договорот на Аргентинецот истекува во јуни и останува уште малку време за сеопфатен договор, но шпанските медиуми дознаваат дека преговорите ќе започнат наскоро и дека се очекува Аргентинецот да остане во Барса.
„Мундо депортиво“ се повикува на „Ел Конфидессиал“, кој пишува дека Лапорта сака да ја намали платата на Лео Меси, но дека новиот договор што би го потпишал најдобриот фудбалер во историјата на клубот би бил доживотно.
„Затегнувањето на ременот“ би бил пример за другите фудбалери на каталонскиот гигант да се согласат на намалување на платите што е потребно заради големите загуби што ги трпи Барса поради пандемијата.
Со доживотен договор, Лапорта сака да го интегрира Меси во клупската структура.