Од денес до недела времен сообраќаен режим во Скопје

од Берта Китинска
224 прегледи

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во периодот од 20.04.2022 до 23.04.2022 година, поради официјална посета на претседателот на Република Латвија, Н.Е. Егилс Левитс, на нашата држава, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Слични содржини