Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информираше дека лебот, зејтинот и брашното тип 400 од денеска се продаваат без профитна маржа во маркетите.
Според Бектеши со последната Одлука која по предлог на Министерството за економија ја усвои Владата на вчерашната седница е предвидена профитна маржа за продажба на големо од 4%, а за продажба на мало 3% на следните произвоиди: леб бел и полубел (цел и сечен на парчиња); сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло); брашно од пченица– тип 400; шеќер бел конзумен; трајно крвјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо; сувомеснати производи – Салама (посебна и паризер од свинско, пилешко и говедско), виршли (пилешки, свински, јунешки) и колбаси (пилешки, свински и говедски) со додатоци во нив; сирење бело кравјо и сирење бело мешано кравјо и овчо; урда кравја; македонски ориз бел; -јајца од кокошка и шпагети и макарони од мека и друга пченица.
-Во продажната цена на трговијата на големо и трговијата на мало се вклучени сите производствени и оперативни трошоци кои јасно ќе бидат искажани при формирањето на продажната цена за овие производи. Исто така согласно Одлуката нема да пресметува и одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици, информира министерот, додавајќи дека одлуката веќе е објавена во Службен весник и ќе важи до 31 мај.
Министерот Бектеши најави и дека ќе ревидираат договорите на големите трговци, главно со трговците на мало кои се однесуваат на договори за купопродажба, каде се дадени дополнителни податоци кои вештачки можат да влијаат на зголемување или поскапување од страна на производителите, за оние прехранбени производи кои се увезуваат во нашата земја. Како што рече министерот Бектеши, истите договори ќе бидат укинати и нема да важат до 31 мај.
Исто така согласно Одлуката нема да пресметува и одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици.