Од денес штрајк во Фондот за здравство

од Nikola Popovski
184 прегледи

Вработените во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување од денеска ќе стапат во штрајк. Ќе се извршуваат само неопходните работни задачи како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи.

Лекарите го поддржуваат штрајкот и се надеваат на брзо решение на веќе напластените проблеми.

Од Фондот за здравство одговараат дека ги имаат преземено сите потребни активности во насока за целосно приспособување на софтверот, но дека за спроведување на оваа измена во Законот за здравствено осигурување потребно е да се создадат технички услови во информатичкиот систем на Фондот, односно да се направи приспособување во софтверот, за што се потребни време, човечки ресурси и финансиски средства.

Според Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) со одлуката ќе бидат засегнати 831 вработен во ФЗО и ако има намалување на платите, 25 проценти ќе добиваат плата под минималната, а 25 проценти колку минималната плата.

Од Министерството за финансии потоа појаснија дека не се работи за намалување на платите на вработените во ФЗО, туку дека се прави обид за нивно повторно зголемување кое ќе има фискални импликации врз буџетот на Фондот.

Слични содржини