Од денес стапува на сила законот недела-неработен ден

од Nikola Popovski
384 прегледи

Недела со закон од денеска е прогласен за неработен во Македонија. Според владините проценки, неделата сега ќе биде слободен ден за 92 отсто од работниците.

Намерата на законските измени со кои неделата беше прогласена за неработен ден е, како што беше објаснето, да се воспостави рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работниците како предуслов за мотивација и поголема ефикасност на работното место.

Работниците во дејности кои не смеат да бидат прекинати поради техничко-технолошкиот процес ќе добиваат најмалку 50 отсто повисок дневен додаток за работа во недела и слободни денови, кој ќе можат да го користат во наредните седум дена.

Сите вработени во трговските центри, бензинските пумпи, продавниците на мало со по еден вработен, кој ќе работат во недела, ќе добиваат дневница зголемена за 100 проценти.

Слични содржини