177
Од денеска до 30 септември трае рокот за доставување на документите до министерството за образование и наука од корисниците кои во некоја од изминатите учебни години го оствариле правото на ученичка стипендија и ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување.
Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за редовен ученик за учебната 2023/2024 година и последното свидителство.
Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk.
За информација или за да постават прашање во врска со ученичките стипендии корисниците може да се обратат на електронската пошта: [email protected].