Од денеска до петок посебен сообраќаен режим во Скопје

од Берта Китинска
129 прегледи

Поради официјалните посети на земјава на словачката претседателка и претседателот на Италија, од денеска (вторник) до петок во главниот град ќе важи посебен сообраќаен режим.

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека денеска и утре во официјална посета на Северна Македонија ќе престојува претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, а на 08.09.2022 (четврток) и 09.09.2022 (петок), во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Од тие причини, од МВР соопштија дека Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.