Од денеска владината одлука за супендираните решенија на министрите Спасовски и Ременски е правосилна.Тоа значи дека кадровски Министерството за внатрешни работи и труд и социјална политика треба да се врати пред изборот на Спасовски и Ременски за министри ..
Вчера министерот Спасовски му пиша на премиерот Димитриев дека одлуката е незаконска и преседан, а Димитриев му одговори дека Спасовски го прекршил Законот за влада.
Првиот опозиционер Заев порача дека одлуката нема да ја почитуваат бидејќи е спротивна на Законот и дека Спасовски и Ременски во натамошното останување во Влада нема да потпишат ништо поврзано за избори.
