Од денеска нема масовно купување зејтин во пакети или палети

од Nikola Popovski
436 прегледи

Од денеска не треба да се продаваат шишиња масло за јадење во пакети или палети по маркетите или кај трговците на мало. Се утврдени такви случаи. Не верувам дека овие количини се купуваат за самостојна потреба или потреба на домаќинство, туку за продажба или за да се извезуваат надвор на државата. Само на територијата на Струга и Охрид имаме три пати поголема потрошувачка отколку што сме имале порано, вели министерот за економија, Крешник Бектеши, прикажувајќи фотографија од масовно купување зејтин од страна на едно лице во еден супермаркет во земјава.

Бектеши појасни дека во известувањето до сите економски субјеки што продаваат е наведено дека сите трговци, ако во случај има побарувачка за масовно купување зејтин, треба веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат за да ги презеде соодветните мерки.

-Ние не наредуваме, само сакаме да се спроведуваат законите. Во делот на продажбата на зејтин, ние пративме известување и препорачуваме на маркетите и трговците да продаваат согласно просекот на продажба колку е потребно на едно домаќинство. Просекот значи дека едно домаќинство троши максимум три литри масло за јадење месечно. Тие се податоци од Заводот за статистика. Се знае намерата ако купувате масовно, појасни Бектеши во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини