Од денеска поевтино паркирање во Скопје

од Берта Китинска

Скопјани од денеска плаќаат поевтино за паркирање на зонските паркиралишта кои се во надлежност на „Градски паркинг“.

Одлуката, која претходно беше донесена од Управниот одбор на претпријатието, беше усвоена и од Советот на Град Скопје на последната седница.

Од денеска цената за паркирање во зона А0 од 100 денари за час се намалува на 75 денари, во зона А од 50 на 40 денари, во зона Б наместо 40 ќе се плаќаат 30 денари на час, додека во зоните Ц и Д паркирањето поевтинува од 30 на 25 денари за час.

Слични содржини