Од денеска сопствениците на моторни возила кои ќе патуваат во странство можат да купат едномесечен зелен картон за патнички возила до 66 киловати по цена од 30 евра, а тие што имаат патнички возила над 66 киловати, зелениот картон чини 50 евра, објави Националното биро за осигурување.
![]()
Македонските граѓани до септември 2011 година за зелен картон со важење од еден месец плаќаа 2.450 денари (40 евра), за три месеци 3.670, за половина година 5.500 денари, а за една година 9.760 денари (150 евра).